Градоначалникот Славчо Чадиев го посети Дневниот центар
Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев денес присуствуваше ликовната работилница на тема „Мојот град Велес“ која е во организација на Центарот за интегрална рехабилитација „Виготски“ во соработка со Дневниот центар за лица со телесна и ментална попреченост, а со поддршка на Општина Велес. На работилницата учество зедоа децата младите од Дневниот центар, Секторот за деца и млади на Виготски и учениците од редовните основни училишта од градот. Ликовната работилница е дел од проектот „Заедно твориме, играме и пееме“ кој е континуитет на предвидените активности од Локален акциски план за лица со инвалидност на ниво на Општина Велес за 2013 година.
Паралелно со поддршка на Општина Велес се реализира и литературен конкурс на тема „Мојот град Велес“. Во наредната фаза следат други културни активности, како работилница за изработка на експонати од природни материјали, литературно читање и драматизација.