д-р Горан Јовиќ, член на Советот на Општина Велес е официјално Заменик - Градоначалник на Општина Велес
Врз основа на член 52 став 5 од законот за локалната самоуправа и член 32, став 1, од Статутот на Општина Велес, денес 24.04.2013 Градоначалникот на Велес, м-р Славчо Чадиев свечено му го предаде Решението за вршење на функцијата Заменик-градоначалник на д-р Горан Јовиќ, член на Советот на Општина Велес. Градоначалникот Чадиев на свечениот момент истакна дека во следните 4 години тој, заедно со заменикот-градоначалник, Претседателот и Советот на Општина Велес максимално посветено ќе работат на носењето на одлуки кои ќе значат реализација на проектите кои ќе значат создавање на подобри услови за живот на сите граѓани.
Со својата стручност и работа ние ќе застанеме зад идеите на нашите сограѓани. Ќе ги решаваме нивните проблеми и ќе ја оправдаме довербата која ни ја дадоа – рече градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев. Д-р Горан Јовиќ истакна дека целиот свој професионален и личен кредибилитет, искуство и знаење ќе ги стави во функција на развојот и иднината на Велес. Вршејќи ја советничката функција и функцијата на заменик-градоначалник, ќе продолжам да вложувам максимални напори за поубав Велес, за подобар живот на нашите сограѓани – истакна д-р Јовиќ.



