Технолошко-техничкиот факултет со благодарница за Градоначалникот

Денес, Среда 24.04.2013 година во Големата сала на Општина Велес, Технолошко-техничкиот факултет на свечен начин одбележа 5 години од отпочнувањето со работа во Велес. На свеченоста, Технолошко техничкиот факултет од Велес при Универзитетот Свети Климент Охридски во Битола промовираше 25 дипломци од студиските групи управување со квалитет и безбедност со храна. Во четиригодишното студирање овие дипломирани инжењери стручните искуства ги стекнаа во повеќе велешки фирми. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев на манифестацијата во своето обраќање истакна дека чувствува огромно задоволство што ја има можнаста од свое име, од име на Советот на Општина Велес и од име на граѓаните, да присуствува на свечениот собир.

 

Свечен за оваа високообразовна институција, за новите академски граѓани на Република Македонија, но исто така и многу значаен за Општина Велес. Тој воедно истакна дека секој успех што се постигнува во областа на образованието, за Велес е потврда дека со право го носиме атрибутот на просветителски град, град на науката и писменоста Бројката од 700 тина студенти кои студираат на на технолошко-техничкиот факултет е сериозна бројка што бара и сериозен пристап во создавањето услови за развој. Токму затоа Општината Велес сопственоста на објектот хотел „Вила Зора“ ја отстапи на Министерството за образование за овој простор да прерасне во универзитетски кампус, место каде во најсовремени услови ќе се одвива високото образование во Велес. Министерството и факултетот интензивно работат за новата универзитетска година да ја започнат во нови простории. Ние сме тука за се што сме во можност да помогнеме. Во овие 5 години развивме одлична соработка со ректорот, деканот и продеканите на факултетот. Убеден сум и во иднина ќе продолжи нашата заедничка упорност и волја за повеќе и подобро за студентите – речеградоначалникот Чадиев. Во име на такватата позитивна соработка, Технолошко-техничкиот факултет на градоначалникот Славчо Чадиев му додоли благодарница за досегашните залагања и поддршка на оваа високобразовна институција.