Општина Велес започна со чествувањето на 110 годишнината од делото на Гемиџиите
Започна одбележувањето на јубилејот 110 години од Солунските атентати. Поставена нова мермерна плоча на споменикот на Гемиџиите. Општина Велес денеска им оддава почит на велешките Гемиџии. Во селото Ораовец каде почиваат најмладиот атентатор Милан Арсов и војводата Јован Наумов-Алабакот беше положено свежо цвеќе на нивните гробишта со што започна одбележувањето на 110 годишнината од одбележувањето на гемиџиското дело.
Во рамките на ова одбележување Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев почит заедно со општинската делегација и другите претставници почит оддадоа и на споменикот на Гемиџиите кој се наоѓа на кејот на реката Вардар во Скопје.
Централана прослава на оваа јубилејна годишнина е вечерва во 19.30 часот пред споменикот не Гемиџиите каде што од неодамна е поставена и нова мермерна плоча на местото на старта која беше целосно оштетена.



