Градоначалникот се сретна гостите од Слобозија, Р. Романија

Градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев во својот кабинет ги пречека гостите од делегацијата на романскиот збратимен град Слобозија. Посетата на гостите од Слобозија е поврзана со манифестацијата Велигденско јајце, која оваа година има и меѓународен карактер. Градоначалникот Чадиев истакна дека Општините Слобозија и Велес изминатите неколку години имаат интензивна и плодна соработка а преку оваа посета со заменик - градоначалникот, Валентин Макано утврдено е и што во иднина ќе се работи заедно. Гостите од Романија, претставени преку заменик - градоначалникот истакнаа дека за нив ова е важна посета и дека им претставува чест што се во Велес не само поради учеството на манифестацијата поради празникот Велигден туку и поради остварената средба со новиот градоначалник со што се потврдија цврстите односи помеѓу двете општини.