Заштита на архитектонското наследство
Општина Велес беше домаќин на средбата на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство чиј претседател е градоначалникот Аце Коцевски со експерти за заштита на културното наследство од Република Франција.
Во состав на делегацијата од Република Франција, во Велес престојуваа г-ѓа Натали Гијомен, Директор на Асоцијацијата „Виа Патримуан“, г-ѓа Марилиз Ортиз, директор на Националната асоцијација на градови и региони на историја и уметност во зачувани и заштитени сектори, г-дин Жан Руже, заменик директор на Националната Асоцијација и г-дин Мишел Бонфон, претседател на Асоцијацијата „Виа Патримуан“.
Членовите на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство имаа можност да се запознаат со искуствата од функционирањето на системите за заштита на културното наследство на национално, регионално и локално ниво во Република Франција.
На средбата иницирана во рамките на воспоставената соработка помеѓу министерствата за култура на двете земји,членовите на делегацијата од Република Франција упатија отворена покана до Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство за учество на Меѓународната конференција на Асоцијациите за заштита на културното наследство што ќе се одржи на 08.11.2006 година, во Париз, Република Франција.
Како конкретни можности за продлабочување на соработката помеѓу асоцијациите во двете земји беа наведени:

• Експертска помош во реализацијата на проекти во Република Македонија за заштита на архитектонското наследство;
• Организирање на средби и работилници за пренесување на искуствата од Република Франција;
• Разгледување на можностите за изнаоѓање на грантови и реализирање на меѓународни проекти во рамките на програмите на Министерството за култура на Република Франција.
Конкретни насоки за продлабочување на соработката ќе бидат дадени на споменатата меѓународна конференција на која се очекува да присуствуваат претставници на асоцијации за заштита на културното наследство од повеќе европски земји.
Во рамките на својот престој во Велес, делегацијата од Република Франција ги посети спомен куќата на Васил Главинов и куќите на Јордан Хаџи Константинов-Џинот и на семејството Касапови кои се значаен дел од архитектонското наследство на Велес и Република Македонија.
Во периодот што следи Асоцијацијата на градови од Македонија ќе ги интензивира активностите на планот на заштитата на архитектонското наследство и ќе работи на продлабочување на соработката со асоцијациите во Република Франција.