Четврток, 2 мај – Приемен ден на Градоначалникот Славчо Чадиев
Почитувани Велешани,
Како градоначалник на Општина Велес донесов одлука овој четврток (02.05.2013 година) да биде мој приемен ден за сите граѓани на Општина Велес. Приемниот ден во просториите на Општина Велес ќе започне во 09.00 часот, и ќе трае до крајот на работниот ден. Вие ќе имате можност од мене а и од целокупната општинска администрација да побарате одговор на прашања кои се од Ваш интерес, да ги изнесете своите проблеми и да побарате решение за истите. Вашите забелешки, сугестии, идеи и предлози ќе бидат од големо значаење за мене како градоначалник и за локалната самоуправа воопшто. Приемните денови од овој тип во наредниот период ќе продолжат да се одвиваат секој втор четврток во месецот. Ова претставува директна реализација на моето ветување за редовен и непосреден контакт со граѓаните. Јас како градоначалник и во наредниот период ќе продолжам да работам исклучиво во интерес на граѓаните Општина Велес, излегувајќи во пресрет на сите нивни потреби.
Со почит!
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес