77 средби со граѓани на првиот приемен ден на Градоначалникот Славчо Чадиев

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, денес четврток (02.05.2013 година) ги отвори вратите на кабинетот за низ директни средби  да ги слушне потребите на граѓаните. Ова беше првиот приемен ден за  средба со граѓаните на Општина Велес. Приемниот ден започна во 09.00 часот во просториите на Општина Велес  изаврши со приемот на последниот 77-ми граѓанин. Присутниите имаа можност одградоначалникот, а и од службите од општинска администрација да побараат одговор на прашања, да ги изнесат проблемите со кои се соочуваат и да побараат решение за истите. Во интерес на граѓаните на Општина Велес, а согласно динамиката и агендата на обврските на градоначалникот, оваа пракса е предвидено да продолжи и во наредниот период секој втор четврток во месецот.