Работна средба на Градоначалникот Славчо Чадиев со ОО на Црвен крст од Велес
Денес во посета на Градоначалникот Славчо Чадиев беше делегација од ОО на Црвениот крст од Велес предводена од д-р Милчо Трајков, претседател на Црвениот крст на Македонија. На средбата беше разгледан Меморандумот за соработка потпишан од Општина Велес и ОО на Црвен крст и остварен договор за понатамошна реализација на веќе започнатите заеднички проекти:
Грижа за стари лица во домашни услови, Стратегијата за борба против туберкулозата, Програмата за превентива од наркотични сретства и психотропни супстанци, како и тековната поддршка на активности по веќе утврдени светски датуми како што се Денот за борба против сиромаштијата, неделата на стари лица, учеството на хуманитарни акции и заедничката крводарителска акција по повод 9-ти Ноември, Денот на Општина Велес. На средбата беше констатирано обострано задоволство од досегашната соработка како и отворените можности за нови заеднички проекти на Општината и Црвениот крст.

