Општина Велес започна со дистрибуција на даночните решенија. Градоначалникот Славчо Чадиев прв ја исполни својата обврска
Од денес службите на општинската администрација започнуваат со доставување на 18.200 решенија за данок на имот и комунална такса. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев уште првиот ден ја изврши уплатата на сопственото даночно решение и со личен пример упати порака до сите велешани да не заборават да ги подмират своите обврски.
Би сакал да нагласам дека прибирањето на средствата во општинскиот буџет по основ на даноци за имот е од голема важност за успешно функционирање на локалната самоуправа. Само одговорниот и домаќински пристап може да придонесе за создавање подобри услови за живот на граѓаните и инвестиции во развојот на локалната заедница – истакна Градоначалникот Чадиев.
Општина Велес важи за општина со висока наплата на даночните решенија и решенијата за комунална такса. Ваквиот тренд се очекува да продолжи и оваа година.