Градоначалникот Чадиев со честитка до припадниците на МВР
Денес во просториите на СВР Велес, Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев присуствуваше на прославата во чест на 7-ми Мај, Денот на Македонската полиција. На сите припадници на МВР и на униформираните и на цивилните лица Градоначалникот им упати честитки по повод денешниот празник и им посака успех во понатамошната работа. Соработката на Општина Велес со полицијата е од непроценливо значење за граѓаните на Велес.
Убеден сум дека и во иднина нашата соработка и комуникација ќе остане на високо ниво затоа што нашата цел е заедничка – безбедноста и сигурноста на граѓаните, со особен акцент на младите и децата. – истакна Градоначалникот, Чадиев.