Средствата од “Велигденско јајце” донирани во народната кујна
Парите собрани од продажбата на велигденските јајца и декорации од манифестацијата Велигденско јајце денес градоначалникот Славчо Чадиев му ги предаде на митрополитот Агатангел. Во првата празнична недела кога го славиме најголемиот христијански празник ова е доказ дека грижата за сите жители која ја има локалната власт е огромна. „Меѓународната манифестација Велигденско јајце пред се има христијанска димензија. Славењето на воскреснувањето е најрадосниот момент во нашата вера, а да ја слават победата на животот на смртта имаат право сите кои со радост му приоѓаат на Бога. Во тој правец е и денешната донација на собраните средства од манифестацијата“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.
Митрополитот Повардарски г-дин Агатангел истакна дека секоја помош во Црковно-народната кујана е добредојдена затоа што тука не по своја вина се прехрануваат многу наши сограѓани. “Јас би сакам да му се заблагодарам на градоначалникот бидејки еве уште во почетните негови денови ја покажува љубовта, грижата за своите сограѓани за верниците на нашата света МПЦ. Ги поканувам сите оние кои сакаат да донираат не мора парично, може во храна, во облека некогаш може оти ние собираме и облека и таа облека ја класифицираме и ја делиме на сите луге кои овдека доаѓаат.“ - рече владиката Агатангел.