Делегација од Каршијака, Р. Турција во посета на Велес

Во посета на Република Македонија деновиве претстојува поголема група претставници на Општина Каршијака - Турција, општина збратимена со Општина Велес, составена од директори и вработени во општината, предводени од Градоначалникот Џевад Дурак. Тие ја искористија можноста да ја посетат Општина Велес и паркот во близина на Ликовниот салон што треба да го уредат како подарок на Општина Велес од граѓаните на оваа збратимена општина. Срдечната средба двата градоначалника ја искористија за договор за понатамошни активности во интерес на граѓаните, за продлабочување на соработката и креирање нови значајни проекти.