Се реконструира и уредува игралиштето кај Автобуската станица
Oвие денови интензивно се работи на реконструкција и уредување на спортското игралиште кај Автобуската станица. По асфалтирањето на игралиштето, ќе се премине на поставување на соодветна опрема за изведување на спортските активности. Целосната површина на игралиштето изнесува 860 м2.

