„Мото Бич Парти“ по четврт пат во Велес

На веќе добро познатата локација кај хотелот Романтик, езерото Младост крај Велес, во Сабота (11.05.2013) ќе се одржи четвртата по ред „Moto beach party“, во орагнизација на мото клубот „CROSS BEARERS“ а со поддршка на Општина Велес.

Според програмата, собирот на моторџиите ќе започне во 14.00 часот, за во 18.00 часот е планирано традиционалното дефиле низ Велес а забавата ќе започне во 20.00 часот на Езерото Младост. Оваа година на забавата ќе учествуват легендарни имиња од македонската музичка сцена, како што се Драган Б. Костич, Леб и Сол и Давид Нешкоски Трио. Тие ќе му дадат посебен белег на настанот кој изминатите години важи за најпосетуван домашен мото собир.

Четвртата мото бич забава и овој пат има хуманитарен карактер. Сите мотористи кои ќе учествуват на дефилето ќе донираат средства, кои потоа ќе бидат доделени на поединец или семејство на кому му се потребни.