Продолжуваат гражените активности.Градоначалникот Чадиев на терен
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска (10.05.2013, петок) изврши увид во градежните работи кои се изведуваат на повеќе локации во градот. На улиците „Крсте Мисирков”, „Мирка Гинова”, „Сутјеска” и улицата пред ЈКП Дервен изминативе денови се отстранува асфалтната површина по што ќе се премине со поставување на нов асфалт. Денес беше завршено и бетонирањето на дел од улицата Вера Циривири во населбата Поток.
Исто така неодамна беше реконструирано и повторно асфалтирано спортското игралиште кое се наоѓа во близина на автобуската станица. Истото ќе биде и опремено со соодветна опрема за изведување на спортските активности. Градежните работи во Општина Велес и во следниот период ќе продолжат да се одвиваат со ист интензитет.





