„Мото Бич Парти“ по четврти пат во Велес

Од езерото Младост по велешките улици и назад беше маршутата на 800 мотори кои беа дел од четвртата по ред „Мото Бич Парти", годинава со интернационален карактер. Покрај афирмацијата на моторот како безбедно превозно средство Мото бич парти има за цел и туристички да го промовира Велес и затоа оваа манифестација беше подржана и од Општина Велес. Мотото на годинешната манифестација беше „Носи кацига биди безбеден“. Организаторите на Градоначалникот Славчо Чадиев, кој и самиот беше дел од трката, му подарија кацига и пехар за поддршката која тој и Општина Велес ја даваат за одржувањето на мото-трката. Оваа година на забавата учествуваа легендарни имиња од македонската музичка сцена, како што се Драган Б. Костич, Леб и Сол и Давид Нешкоски Трио. Тие му дадаоа посебен белег на настанот кој изминатите години важи за најпосетуван домашен мото собир. Четвртата мото бич забава и овој пат имаше хуманитарен карактер. Сите мотористи учесници на дефилето донираа средства, кои ќе бидат доделени на поединец или семејство на кому му се потребни.