38-ми Републички натпревар по математика во Велес

По неколку годишна пауза, во Велес во Саботата (11.05.2013), се одржа 38-миот Републички напревар по математика. Овојпат основното училиште „Блаже Конески“ со поддршка на Општина Велес беше во улога на организатор, а се натпреваруваа ученици од шесто, седмо и осмо одделение. На натпреварот од името на Општина Велес и од името на градоначалникот Славчо Чадиев, се обрати Д-р Горан Јовиќ, заменик градоначалник.

Денес наши гости се 143 ученика од 22 региона од основните училишта ширум Македонија и нивните ментори. Ова подразбира сериозна и одговорна организација, голема орговорност и предизвик, но во истовреме и промоција на Велес, на неговиот образовен систем и континуиран успех. Но пред се подразбира волја, солидност и огромни интелектуални капацитети на натпреварувачите. Зошто овде денес се најдобрите. Победниците на регионите и најдобро пласираните.- рече Д-р Горан Јовиќ

На натпреварот настапија најдобрите математичари ,кои ги освоија првите места на регионалните натпревари кои се одржаа низ целата држава. „Учениците кои настапија на натпреварот се најдобрите од 22-те регионални натпревари кои се одржуваа во изминатиот период низ целата држава“, вели Зоран Трифунов претседател на друштвото на математичари од Велес. Учениците од Велес традиционално имаат добри резултати на натпреварите по математика.