Конституиран новиот состав на Советот на Вардарскиот регион

Во Велес денеска беше конституиран новиот состав на Советот на Вардарскиот плански регион во кој членуваат градоначалниците на девет општини од овој регион. Со одлука на присутните градоначалници на состанокот, за нов претседател на Советот е избран градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев. Деветмината градоначалници на денешниот состанок ги утврдија и приоритетите за работа во следниот период. Градоначалникот на Општина Велес и претседател на Советот на Вардарскиот плански регион, Славчо Чадиев најави во иднина пообемна работа на поголем број проекти.

Работењето на Вардарскиот плански регион и во иднина ќе има главна задача да го подобри животот на граѓаните од овој регион но истовремено и да покаже подобра понуда како за републиката така и за странство. – истакна градоначалникот Чадиев.