Градоначалникот Чадиев ја посети населбата Превалец

Во рамките на своите редовни активности Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев денес изврши посета на населбата Превалец при што оствари и средба со жителите од истата населба. Заедно со претседателот на месната заедница од Превалец, градоначалникот направи увид за завршените градежни зафати за бетонирање на улиците Јордан Јорданов и Трајче Петкановски. Градоначалникот Чадиев најави нови проекти за подобрување на комуналната инфраструктура. Тој истакна дека општина Велес работи домаќински, без долгови и побарувања.

„Во наредниот период комуналната инфраструктура ќе ни биде во преден план. Тоа значи дека ќе градиме кружни текови како што ветивме, во подготовка е проектот за мостот кој го спојува делот од кај дистрибуција и општината се со една единствена цел да им излеземе во пресрет на граѓаните и да ги решиме нивните проблеми„ – рече градоначалникот Славчо Чадиев.