Обука за противпожарната едница од пожарникари од Англија
Денес во просториите на противпожарната единица во Велес, на пожарникарите од градот им беше извршена обука за инструктори од страна на нивни колеги од Англија, кои се дел од операциајта Флоријан. „Ова е втора фаза од операциата Флоријан. Првата беше во Англија ,втората во Свети Николе и сега денеска полагаме. Ако положиме ќе станеме инструктори за обука на пожарникарите“, истакна Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес.
Пет години се спроведува операцијата флоријан на пожарникарите од Велика Британија. Таму неколкупати беа и велешките пожарникари. Преку овој проект, територијалната противпожарна единица доби возило и разна опрема. „Ние понудивме се што можевме. Од опрема па се до обука. Во овој период забележуваме голем напредок кај мекедонските пожарникари“, рече Ален Дејви. Својата подготвеност, велешките пожарникари ќе ја покажат во понедлник. Во центарот на градот ќе одржат вежба за извлекување луѓе од висококатница и давање помош во сообраќајка.