Општина Велес – единствен пример на делегирана надлежност

На 15 мај во Приштина се одржа Меѓународна конференција на тема „Соработката на локалните власти и граѓанскиот сектор“. Организатор на конференцијата беше Организацијата за техничка помош и поддршка на цивилниот сектор TACSO со финансиска поддршка на Европската унија. На Конференцијата учествуваа 9 земји од регионот на Западен Балкан и Турција со цел да ги разменат меѓу себе добрите практики за соработка и поддршка на граѓанските организации во локалната средина.

Невладиниот сектор од Македонија беше претставен од една ГО од Дебар и МЦМС, а локалните власти беа претставени преку Општина Велес и практиката за делегирање надлежност на граѓански организации и физички лица како единствен пример на соработка со ГО во Македонија, но и пошироко во регионот.