Балетското студио Анабела го прослави својот 18-ти роденден

Во Саботата (18.05.2013) во салата Бели мугри, балетското студио Анабела го прослави својот 18-ти роденден со целовечерен завршен концерт на тема Дневникот на една балерина. Како и сите претходни години така и овој концерт беше поддржан од страна на Општина Велес, а со цел за поголема промоција на модерниот балет во нашиот град.