Ревија на песни и игри на пензионерите од Македонија
Во организација на Здружението на пензионери од Велес, а како дел од Стратегијата за стари лица што ја усвои Советот на Општина Велес, на 18 мај 2013 година во салата „Бели мугри“ се одржа ревијален настап на претставниците на здруженијата на пензионери од Богданци, Неготино, Нов Дојран, Кавадарци, гевгелија, Валандово и домаќините, здружението од Велес. Од името на Општина Велес на манифестацијата се обрати претседателот на Советот, д-р Александар Колев кој ги поздрави гостите и го истакна значењето на овој настан за луѓето од третата доба.


