Отворен ден во ССОУ „Коле Неделковски“
Во ССОУ „Коле Неделковски“ денес се одржа отворениот ден на училиштето, оваа година под мотото „Биди бизнисмен-заработи сопствени пари“. На повеќе штандови во училишниот двор беа претставени сите струки и профили што се изучуваат во ова училиште, така што осмоодделенците одблизу можеа да го видат бенефитот од учењето во ССОУ „Коле Неделковски“. Во истовреме беше воспоставен видео линк со збратименото училиште од Новогард – Полска каде во овој момент во посета се најдобрите ученици од „Коле Неделковски“. На видео линкот поздрави разменија и градоначалниците од Велес и Новогард.






