Митрополитот Агатангел во посета на Општина Велес
Во работна посета на Oпштина Велес денес престојуваше неговото високопреосвештенство г. Агатангел, митрополит на Повардарската епархија. Митрополитот Агатангел беше примен од градоначалникот Славчо Чадиев. На средбата двајцата соговорници разменија мислења за повеќе актуелни прашања, што го тангираат духовниот и религиозниот живот на граѓаните од Општината.