Општина Велес додели нови решенија за легализација на дивоградби
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денес на 20 велешани кои официјално се стекнаа со правото за законско користење на личниот имот, им ги додели решенијата за легализација на диво изградените објекти. Со тоа бројката на легализирани дивоградби изнесува повеќе од 800. Гра Во Општина Велес се поднесени околу 7.800 барања за легализација, на кои општинската администрација работи интензивно со цел да се завршат во разумен рок. Градоначалникот Чадиев најави и дека овој период се работи и на доекипирање на тимовите за легализација на бесправно изградените објекти со што значително би се забрзал процесот како и динамиката на решавање на случаите.
Мене како градоначалник ме радува што велешани покажаа голем интерес за оваа владино-социјална мерка во која за 1 евро по м2 можат да го легализираат својот имот. Исто така значајно како за граѓаните така и за Општината е тоа што по завршувањето на легализацијата ќе се пристапи кон втората фаза, а тоа е внесување во деталните урбанистички планови на сите бесправно изградени а сега веќе легализирани објекти. Само така ќе имаме и вистинска слика за состојбата со инфраструктурата и за потребата од нејзината проширување. – истакна градоначалникот Славчо Чадиев Што се однесува до предметите на кои им недостасуваат документи, во интерес на поефикасно и побрзо завршување на процедурата, Општина Велес ги повикува граѓаните да ја докомплетираат документацијата.