Втора фаза од проектот Меѓуетничка интеграција во образованието
Во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието денес во Општина Велес се одржа регионална средба со учество на претставници на основните и средните училишта од општините Велес, Чашка, Валандово и Дојран. Во присуство на претставници од УСАИД, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование, беше истакнато дека во училиштата ќе продолжи реализирањето на активностите од втората фаза на овој проект.
Тоа подразбира едукација на стручните служби, формирање на тимови, изработка на оперативни планови и вклучување на сите субјекти во училиштата, особено родителите. Втората фаза од проектот, кој планира и финансиска поддршка на училиштата за подобрување на инфраструктурата и создавање на подобри услови за образование, треба да започне кон крајот на јуни и ќе се спроведува во наредните две години.
Во Проектот се вклучени сите основни и средни училишта на територијата на Општина Велес.
