Работна средба за превенција од пожари во летниот период

Денес во Општина Велес се одржа работна средба со сите надлежни служби и инволвирани институции и организации во превентивата за заштита од пожари во претстојната летна сезона. Оваа работна средба ја водеше градоначалникот Славчо Чадиев, кој на состанокот нагласи дека најавата на топло лето со температурни удари од жолта и портокалова зона веќе започна. Тоа мора да не држи будни и подготвени.

Денес ќе се преслушаме секој од својата област кави мерки сме презеле: со колку човеки ресурси располагаме, колку техника имаме, дали нешто треба дополнително да се набави или да се поправи, на кој начин ќе се координираме и ќе се надополнуваме во работата. Затоа овде се присутни ТППЕ, Шумското стопанство „Бабуна“, ЈКП „Дервен“ Доброволното противпожарно друштво „Видра“, Ловното друштво „Руен“, сите три риболовни друштво, претставниците од Македонски железници, од ПЕ на мин. за земјоделие, шумарство и водостопанство. – истакна градоначалникот Чадиев Средбата се искористи за донесување на мерки за заштита од пожари што секој од својата област може да ги преземе – како што е чистење на терените покрај пругата, реките и езерото, шумите и тн. Чистењето на терените од суви и гнили лесно запаливи гранки е најголемета превентива. Тука е многу важна и улогата на медиумите што можат директно да влијаат на подигнување на свеста на граѓаните во зачувувањето на природните богатства на нашата општина