Трета меѓународна спортска вардарска регата
Во чест на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, и оваа година се одржува меѓународната спортска вардарска регата во која 60 тина учесниците со кајаци и кануа од Велес до Солун ќе пловат по реката Вардар. Оваа манифестација ја организира пара-глајдерскиот клуб „Аквила“, а учество ќе земат кајакари од Македонија, Бугарија, Србија, Словачка, Австрија, Швајцарија, Полска и Германија. Целта на регата е промоција на најдолгата река во Македонија но и кајакот како спорт. Меѓународната спортска регата ја има подршката на Општина Велес, затоа што Велес е градот на Гемиџиите и трговците кои со гемии пренесувале стоки од Велес до Солун.
„Оваа меѓународна регата има историска димензија значајна за Велес и Македонија оти стартот е на големиот национален празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. Вие учесниците ја исполнувате историската димензија од регатата „Гемиџии“ зошто пловите до Солун, по патот на велешките трговци и револуционери“, рече др. Горан Јовиќ, заменик грдаоначалник на Велес.