Велес домаќин на „Етно вешта жена“ 2013

Денес, 26.06.2013 година (недела) во манастирот Св. Димитрија се одржа хуманитарната манифестација „Етно вешта жена 2013". Со свои традиционални јадења се преставија организации на жени од повеќе градови низ државатаа за кои гостите имаа можност да ги купат истите. Со продажба на македонските традиционални јадења, изработени од вредните раце на вештите жени собраните средства ќе бидат наменети за потребите на црковно-народната кујна во Велес.

Оваа манифестација која е во интерес на заедницата и промоцијата на градот, беше поддржана и од Општина Велес. „Ова е само уште една можност заедно да работиме за добро на другите.Велес покажа уште еднаш дека е добар домаќин на вакви масовни манифестации но и дека знае да ја почуствува потребата со своето учество да помогне некому“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес. Во музичкиот дел настапи ансамблот за народни песни и ора „Керамичар" и Распеани Велешани. Следната манифестациај на Етно вешта жена, ќе се одржи во Битола.