Интензивна меѓународна соработка

ImageВо рамките на меѓународната соработка Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Аце Коцевски во периодот од 22-24 септември ја посети збратимената општина Свиштов, во областа Велико Трново, Република Бугарија. Во рамките на посетата остварена по повод најголемиот празник на Општина Свиштов „Свиштовски лозници“, делегацијата на Општина Велес оствари средби со господинот Станислав Благов, кмет на Општина Свиштов и членови на Советот на Општината.

На средбите беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во сферата на реализацијата на заеднички проекти во рамките на процесот на евроинтеграции како и размена наискуства од областа на локалниот економски развој и проектите за енергетска ефикасност. Разговорите со претставниците на Советот на Општина Свиштов беа фокусирани на искуствата во искористувањето на предпристапните фондови на Европската Унија. На средбите беа разгледани и можностите за размена на искуства и конкретни активности во областа на управувањето со цврстиот комунален отпад и стратешките планови за развој на двете општини.

Image

Image