Учениците од Новогард во посета на Општина Велес

Три години ССОУ „Коле Неделковски“ е збратимено со сродно училиште од полскиот град Новогард. Соработката со учениците од збратимениот град на Општина Велес, е пример за начинот на кој преку размена на искуства од образовниот процес се градат трајни пријателства меѓу учениците. Оваа недела 12 ученика и 2 професори од Новогард претстојуваат во Велес. Тие ќе имаат можност да се запознаат со убавините на Велес Денес младите полски „амбасадори“ ја посетија и Општина Велес. Задоволството што го искажаа наставниците и учениците од Полска и ССОУ „Коле Неделковски“ беше доказ дека оваа соработка ќе трае и ќе се негува со секоја нова генерација ученици.

Градоначалникот Славчо Чадиев на денешната средба истакна дека од оваа соработка бенефит имаат не само туку и нивните наставници и вкупно образованиот процес, затоа што соработката резултира со размена на искуства од водењето на наставата, практичната работа, условите во училиштата итн.

„Различностите на двете култури се неизмерно богатства за Велес и Новогард”. – рече градоначалникот Чадиев.