Потпишан договорот за реконструкција на уличното осветлување
Денес, 27.05.2013 година (понеделник) беше потпишан договорот за реконструкција на уличното осветлвуање во Општина Велес. Изведувач на работите ќе биде фирмата ДПТУ М-Златомир Трејд од Скопје, а средствата во висина од 20.960.340 денари ќе бидат обезбедени преку задолжување кај Светска банка.