Велешките спасители обучени од американски колеги
Денес, 27.05.2013 (понеделник) во Општина Велес беа присутни членови на Здружението Македонски спасител и нивните колеги од Калифорнија, САД, кои во изминатите денови спроведоа тренинг обука на езерото Младост. На плажата кај Хотел Романтик, американските спасители во периодот од 24-26 мај ги учеа спасителите од земјава на новите вештини и техники при спасување на давеници. Обуката на спасителите од САД, на која Општина Велес беше покровител ја посетуваа вкупно 22 лица. Сите тие се презадоволни од знаењето кое го добија за трите дена во кои се спроведуваше обуката. Во знак на благодарност, денес на Градоначалникот Славчо Чадиев му беше врачено и признание за добрата соработка и поддршката од Општина Велес.