Состанок за превенција, предупредување и справување со пожари
Врз основа на донесените заклучоци за соработка и координација со градоначалниците утврдени на состанок во Министерство за локална самоуправа, Центарот за развој на Вардарски плански регион во соработка со МЛС денес во Општина Велес одржаа состанок за презентација на надлежностите и улогата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Системот за управување со кризи (СУК), законската одговорност на надлежните институции на локално ниво, за превенција, рано предупредување и справување со пожари од поголем размер на отворен простор.
На состанокот присуствуваа Директорот на ЦУК, градоначалници од вардарскиот плански регион, раководители на сектори од ЦУК како и одговорни лица во субјектите од СУК на локално ниво одговорни за превенција, рано предупредување и справување со пожари од поголеми размери на отворен простор.