Реконструкција на уличното осветлување во градот
Изминатиов период заврши проектот за поставување на 21 метален столб во висина од 9 метри висина на потекот од Пошта до Градскиот саат. Вкупната вредност на овој проект кој предвидува поставување на нови штедливи натриумски светилки изнесува 800.000 денари. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, денес на пресконференција на плоштадот С’рмаале го презентираше и вчера потпишаниот договор за реконстуркција на уличното осветлување. Вкупната вредност на овој зафат ќе биде 20.960.430 денари, средства обезбедени со заем кај Светската банка. Проектот предвидува замена на 2915 живини светилки (154 улици во градот и во 25 рурални населби).
Исто така ќе се заменат 445 живини светилки со 340 натриумови на постоечките канделабри во градот. Цели на проектот се: зелосно осветлување (улици, паркинзи, јавни простори и др.); употреба на енергетски ефикасни светилки; зголемување на работни часови на светилки од 4.000 до 12.000; заштеди во потрошената енергија. Доста значајно е што враќањето на инвестицијата е за 4.5 години, пресметано според заштедата на електрична енергија од новите светилки.