Бизнис центар во oбјектот на поранешното Радио Велес
Денес во просториите на Општина Велес се одржа работен состанок помеѓу Градоначалникот Славчо Чадиев, вд раковододителот на Центарот за развој на вардарскиот плански регион, Марко Колев и претставници на бизнис секторот. Целта на средбата беше да се направи проценка за тоа до каде се активностите поврзани со пренамената на објектот на Радио Велес во регионален бизнис центар. На седницата сите учесници се заложија во наредниот период да се вложат максимални напори за ставање на објектот во функција.
Неговото функционирање најмногу би и служело како на бизнис заедницата од градот, така и на стопанствениците од целокупниот вардарски регион. Овој проект е дел од т.н. мрежа за инклузивен развој на Вардарски плански регион, а во рамки на проектот на УНДП ,,Локална акција за инклузивен развој“ – Програма за локален развој”.