Прес конференција (28.09.2006)
Со проектот овие граѓани на Велес ќе добијат можност за пристап до компјутерската технологија и Интернет како и можност да се занимаваат со различни занаети и да учествуваат во културниот живот преку организирање на културни настани и манифестации.
„Веруваме дека овој проект кој всушност е дел од Елаборатот за социјална заштита на Општина Велес ќе придонесе за создавање услови за исполнет и активен живот на старите лица. Средствата од Светска Банка ќе се искористат за просторно уредување и набавка на техничка опрема. За одржливоста на проектот ќе се грижи Здружението на пензионери. Општина Велес ќе се грижи за организирањето на сите активности во Клубот за стари лица“, рече Коцевски.
Градоначалникот изрази задоволство и од успешната реализација на првата фаза од проектот на ЕУ „Техничка помош за координација и имплементација на децентрализацијата“ со кој е воведен интерен систем за мерење на постигнатите резултати во сите области од децентрализацијата. „Европската Агенција за реконструкција ја избра општина Велес за координатор во втората фаза на проектот. Во наредниот период покрај постојните 5 општини, проектот ќе се реализира уште во 12 општини“, изјави Коцевски.
Тој ги информираше новинарите дека Општина Велес е избрана и за Општина Консултант во областа на образованието. Имено, по анализата на постигнатите резултати од спроведувањето на новиот концепт на образование во Велес, Програмата за локално управување со училиштата поддржана од Владата на кралството Холандија ја избра Општина Велес за општина консултант што значи дека Општина Велес во соработка со оваа Програма ќе им помага на другите општини во подобрувањето на состојбите и спроведувањето на креативни решенија на проблемите во образовната сфера.