Aсфалтирани улиците Х. Узунов (Сутјеска) и дел од К. Мисириков

Во текот на вчерашниот ден беше завршено асфалтирањето на улиците Христо Узунов (поранешна Сутјеска), во должина од 70 метри и дел од улицата Крсте Мисирков во должина од 110 метри. Средствата за овие градежни работи беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2013 година. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денес заедно со жителите од овој реон направи обилкока и изврши увид на завршената работа. Градоначалникот истакна дека е задоволен од сработеното како и од приемот и воспоставениот однос со граѓаните во овој изминат период.