Асфалтирана улицата на влезот во градскиот парк, пред ЈКП Дервен

Во Петокот (31.05.2013) заврши асфалтирањето на улицата во градскиот парк, пред ЈКП Дервен. Вкупната покриена површина со асфалтна маса изнесува околу 550 м2. Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2013 година.