Меѓународeн ден за слободен пристап до информации
Потенцирајќи дека овој ден во Република Македонија е во знакот на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер кој започна да се применува од 1 септември годинава, градоначалникот ги информираше новинарите дека Општина Велес има изградено систем на човечки и технички ресурси кои можат да одговорат на потребите за спроведување на законот. „Веќе ги добивме првите 8 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер кои општинската администрација ги одговара за што е можно пократок рок, во зависност од комплексноста на барањата“, рече Коцевски. Тој изрази задоволство од досегашната соработка со медиумите и интересот на новинарите за работата на Општина Велес. На официјалната веб страница на Општина Велес веќе е поставен и линк до веб страницата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер каде граѓаните можат да ги добијат сите информации околу своите права согласно законот.