Презентација на програмата за поддршка на руралниот развој
Денес 05.06.2013 (среда) во Општина Велес се оддржа презентација на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. На општините од Вардарскиот плански регион им беше презентирана програмата и начинот на кои тие можат да аплицираат и да добијат финансиска помош од Агенцијата. Парите што ќе ги добијат од Агенцијата општините можат да ги искористат за инвестиции во локалната патна инфраструктура, во обезбедување на телекомуникациска инфраструктура, за водоводни и канализациони системи но и во објекти и опрема за организирање продажба на земјоделски производи.
За еден проект општините можат да добијат до 20 милиони денари. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка, Тони Димовски истакна дека станува збор за средства кои се издвојуваат од Буџетот на Република Македонија, кои Владата ги нуди како можност изминативе пет години. Со финансиска помош од Агенцијата, Општина Велес ќе го гради патот до село Ораовец. Постапката е во тек, и во наредниот период по завршувањето ќе се започне со реализација и доизградба на патот. Градоначалникот Славчо Чадиев истакна дека соработката на Општина Велес со Агенцијата е од поодамна и дека како општина и оваа година ќе ја искористиме можноста да се вклучиме со конкурирање со проекти кои администрацијата веќе ги има изготвено и се од големо значење за руралниот развој.