Илхами Емин – добитник на Рациновото признание за 2013 година

Денес, 06.06.2013 (четврток) на прес конференција во Општина Велес, Градоначалникот Славчо Чадиев ја претстави Програмата на јубилејните 50-ти Рацинови средби и го соопшти името на добитникот на Почесното Рациново признание за 2013 година. Тоа е г-динот Јон Деаконеску од Крајова, Република Романија, голем поет, предувач и промотор на македонската култура и литературија во Република Романија. Почесното Рациново признание се доделува за афирмација и промоција на македонската литература и култура надвор од границите на Македонија.

Жири-комисијата на Меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби 2013“ во состав Академк Милан Ѓурчинов – Претседател, Академик Катица Ќулавкова – член, Ферид Мухиќ – член, Ресул Шабани – член и Христо Петрески – член, соопшти дека донеле одлука наградата Рациново признание за 2013 година да му се додели на писателот Илхами Емин за романот „Ѕид што оди“ во издание на издавачката куќа „Магор“ од Скопје.

Најновото прозно дело „Ѕид што оди“ од Илхами Емин се одликува со модерна раскажувачка постапка и ги обработува подеднакво темите на нашето минато и нашата современост. Она што го издвојува ова дело од другите е оригиналниот методолошки пристап и израз на книжевното писмо. Покрај награденото дело во најтесен избор за наградата Рациново признание беа романите: „Историјата на луѓето кои умреа од страв“ од Ермис Лафазановски и „ Зад аголот“ од Томислав Османли. Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 12 јуни, на втората вечер на „Рациновите средби“.