Бетонирана е улицата Цветан Арсов
Изминативе денови заврши бетонирањето на улицата Цветан Арсов која се наоѓа во Урбаната заедница „Трајко Капчев”. Со реконструкцијата на улицата беа опфатени вкупно 680 м2 површина во должина од околу 200 метри. Средствата за овој градежен зафат се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2013 година. Градоначалникот Славчо Чадиев и Претседателот на Советот Александар Колев, денес беа во посета на оваа улица при што остварија и средба со граѓаните кои живеат во тој дел од градот.
Градоначалникот Чадиев истакна дека е задоволен од досегашните реализирани градежни активности, од брзината и времетраењето но и квалитетот за кој изведувачите гарантираат дека е на високо ниво. –„Ние сме задоволни затоа што овие граѓани кои живеат тука ,но и тие што поминуваат отсега тоа ќе го прават по уредена улица„ – рече градоначалникот Славчо Чадиев. Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев при денешната посета на улицата Цветан Арсов изрази очекување дека ваквото темпо на работа ќе донесе висока реализација на програмата за уредување на градежно земјиште. -„Сведоци сме дека во овој период општината има интензивни активност на повеќе места во градот што значи дека реализацијата на програмата се одвива со засилен интензитет. Со оглед на тоа дека градежната сезона сеуште трае се надевам дека овој интензитет на градеже ќе продолжи„ – истакна Претседателот на Советот, Александар Колев.