За даночните обврзници ...

ImageОпштина Велес подготви околу 15.000 решенија за данок на имот и 1801 решение за комунална такса. Дистрибуцијата на решенијата за данок на имот ќе започне на 02.10.2006, а ќе ги дистрибуираат инкасантите на ЈПК „Дервен“. Решенијата за комунална такса веќе ги дистрибуираат надлежните служби на Општина Велес. Од подготвеноста на граѓаните преку подмирување на обврските како даночни обврзници да помогнат во реализацијата на стратешките планови и проекти  ќе зависи висината на Буџетот како и  успехот на активностите  за развој на Општина Велес во наредниот период.