Стартуваа етно-работилниците во куќите на уметноста

Од денес 14-ти до 25 јуни 2013 година, во куќите на ументоста ќе се учат грнчарскиот, столарскиот и ткајачкиот занает. Вредните раце на триесет ученика од 5-те основни училишта од градот од VII и VIII одделение, поделени во три групи ги запознаваат тајните на овие занаети во куќата на Рацин, Главинов и Касапови. Овој проект трета година по ред го реализира ГО „Разбој“, а е дел од Програмата за култура на Општина Велес. Инструктори на работилниците се занаетчии, мајстори на овие стари занаети, а целта на проектот е да се пренесат овие занаети на изумирање на младите со талент и желба за ракотворење.