Мисијата на Светска Банка во посета на Велес

ImageВо работна посета на Општина Велес престојуваше господинот Вилијам Дилинџер член на Мисијата за ПДПЛ 2 на Светска Банка во Република Македонија, одговорен за областа децентрализација. Во рамките на остварената работна средба господинот Дилинџер и градоначалникот на Велес Аце Коцевски разменија мислења околу фискалната децентрализација и проблемите во финансирањето на општините во првата фаза од трансферот на надлежностите.

На средбата беа разгледани актуелните прашања околу задолжувањето на општините, стапката на наплата на данокот на имот, финансирањето на оперативните трошоци во училиштата, финасирањето на општините од наплатата на ДДВ како и условите за старт на втората фаза на фискална децентрализација кога општините преку блок дотации од централната власт ќе бидат надлежни за исплата на платите на вработените во институциите во образованието, културата и социјалната заштита.

Image