Градоначалникот ги посети етно-работилниците
Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, денес (Вторник, 18.06.2013) ги посети куќите на уметноста каде што се одвиваат етно-работилници во кои се учи грнчарскиот, столарскиот и ткајачкиот занает. Вредните раце на триесет ученика од 5-те основни училишта од градот од VII и VIII одделение, поделени во три групи ги запознаваат тајните на овие занаети во куќата на Рацин, Главинов и Касапови.
Градоначалникот Чадиева истака дека најбитно од се е што овие наши заеднички заложби ја постигнаа поставената цел - да се развие љубовта кон етно-наследството кај најмладите, кај учениците и да не се дозволи вештините за изработка на етно предмети да исчезнат заедно со генерациите родени во минатиот век. Инаку овој проект трета година по ред го реализира ГО „Разбој“, а е дел од Програмата за култура на Општина Велес. Инструктори на работилниците се занаетчии, мајстори на овие стари занаети, а целта на проектот е да се пренесат овие занаети на изумирање на младите со талент и желба за ракотворење.