„Баскерфест 2013" за прв пат во Велес
Познатиот уличен фестивал „Баскерфест" оваа година за прв пат на 20 и 20 јуни се одржува и во Велес. Ова е фестивал со уникатен концепт и нова, поинаква понуда. Баскер ја пречекува публиката со улични артисти и музика во живо, со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности - вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини! Целта на фестивалот е да им приреди на сите посетители несекојдневно искуство. „Баскерфест" е огромен забавен парк за иновации и креативност, во кој сите се добредојдени да се придружат.
Присуството на фестивалот е бесплатно за сите посетители! Фестивалот и оваа година се одвива во организација на One Way, а под покровителство на Општина Велес и благодарение на поддршката на градоначалникот Славчо Чадиев. Баскер е подготвен за нови уживања во спектакуларната комбинација на бројни магионичари, акробати, музичари и извонредни таленти. Почетокот на фестивалот е од 19.00 часот и ќе трае до 24.00 часот во Младинскиот парк.